Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Марко Иванов

Роден е на 20 јуни 1877 година во с. Палеор (денес Фуфас), Калјарско. По влегувањето во ВМОРО првин бил курир и доставувач на оружје. Во 1903 година е илегален и бил четник кај поручникот Г.Попанчев. Во мај присуствувал на Смилевскиот конгрес.

За време на Илинденското востание е војвода и учествувал во борбите за ослободување на гратчињата Клисура и Невеска. По востанието продолжил да дејствува со својата чета.

Учествува и во Првата балканска војна во 1912 година како војвода на чета на Македонско-одринските доброволни чети.

Умрел од тешка болест на 16 декември 1933 година во Софија.

<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik